Во НУ Музеј на македонската борба денеска со почеток во 12 часот, ќе биде промовирана најновата книга на Иван Глигоровски “Школувањето на прогонетите деца од Егејска Македонија”.

На околу 450 страници и 170 фотографии во оваа монографија се опфатени автентични сеќавања и искажувања на триесетина ученици, “мајки” и учители, што привремено престојувале во источноевропските земји и во ФНР Југославија, по настаните и прогонот од нивните родни огништа од егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција (1946 – 1948).

Илјадници деца од овој дел на етничка Македонија своето образование на својот мајчин македонски јазик (кој бил забранет за употреба во родните места од страна на грчките власти) го стекнуваат во ФНР Југославија (Србија, Хрватска, Словенија, Македонија), Романија, Унгарија, Чехословачка, Полска и СССР.

Промоцијата е во организација на НУ Музејот на македонската борба и издавачката куќа “Аз-буки” од Скопје.