Веќе стана правило режисерите на спортските преноси во паузите да ги снимаат трибините и да бараат двојки кои се бакнуваат. Но еден таков момент на натпревар во еквадорската лига открил прељубник.

Камерата „фатила“ двојка како се бакнува, но кога типот сфатил дека е во кадар почнал да се повлекува. Подоцна типот се огласил на Фејсбук, бесен што бил фатен на дело, но признавајќи дека си ја изневерил девојката. 

„Ми го уништивте односот! Што уште сакате?! Се надевам дека ова ќе послужи затоа што тие само го повредуваат божјиот син“, напишал типот на својот профил. 

А да не барал виновник на погрешно место?!