Европската банка за обнова и развој и одобри кредит, од 25 милиони евра, на “Митал стил” од Скопје, за што денеска беше потпишан договор на што присуствуваше и премиерот Владо Бучковски.
“Заемот, вреден 25 милиони евра, на “Митал Стил” ќе му обезбеди дополнителен обртен капитал како клучен елемент во развојот на бизнисот, подобрување на енергетската ефикасност, како и промоција на регионалната интеграција на челичната индустрија, пред се со капацитетите на “Митал” во Романија и Босна и Херцеговина”, рече премиерот Бучковски, додавајќи дека реализацијата на овој проект претставува и преориентација во користење на природен гас како енергенс, наспроти досегашната употреба на мазут. (МИА)