Есента е апсолутно многу ризичен период, не само за нас, туку и за сите земји од регионот и светот. Мора да сме свесни апсолутно сите, дека ако не се придржуваме до мерките и има зголемена трансмисија на вирусот и поголем број пациенти, ќе се воведуваат рестриктивни мерки, изјави министерот Венко Филипче, одговарјаќи на новинарско прашање дали ќе се отвораат градинките и училиштата.

– Есенските месеци лично сметам дека ќе бидат голем ризик за влошување на ситуацијата со тоа што отворање на градинки, училишта и повторно поголема комуникација меѓу младите луѓе е дополнителен ризик и затоа и се овие подготовки, на дополнитени кревети, надвор од сегашните болнички капацитети, изјави Филипче.

Повторно е до сите нас, посочи Филипче, затоа што колку повеќе ги почитуваме мерките и колку повеќе граѓани носат маска, го сведуваат на минимум ризикот од пренос на вурусот.

– Таа повторна фрекфенција на дружење на младите во школите и во градинките. Есенските месеци со поладно време, неможноста граѓаните да чекаат ред надвор, е се дополнителен ризик и тоа ни го укажа и експертот од СЗО. Дополнителна мерка, освен ова што ние сега го правиме е рестрикција на движењето. И во светот се прави тоа и сега таму каде ќе се осети дека е потребно да се направи, посочи Филипче.

Во однос на искуството на Србија за зголемената бројка на заболени по изборите, Филипче, рече дека не може да се споредиме со ниту една земја, бидејќи имаме различен пристап и стратегија.

– Мислам дека ние имавме соодветен и многу ран добар пристап на широко тестирање за идентификација на позитивните случаи и нивно изолирање. Во таа смисла и ова постепеното олабавување на мерките, сетоа тоа се мерки што околните земји ги воведоа подоцна од нас. Мислам дека не носи во ситуација каде апсолутно не може да се споредуваме. Останува граѓаните да се придржувата до сите овие мерки, изјави Филипче.

Не очекувам, нагласи Филипче, и следниот период не може да се случи некакво изненадување, бидејќи, како што рече, со овој пристап имаме целосен увид и ништо не е запоставени и се било строго контролирано