x

За фантастични 190 милиони долари: Ентони Дејвис потпишува нов договор со Лејкерси!

lebron-i-dejvis

Нема веќе дилеми. Како што дознава ЕСПН, Ентони Дејвис и во наредните пет години ќе го носи дресот на ЛА Лејкерс во НБА. Во текот на денот треба да биде официјално објавено дека тој и Лејкерси се договориле да стават потпис на петгодишна соработка, за која одличниот крилен центар ќе добие фантастични 190 милиони долари. Познато е дека Дејвис во минатата сезона заедно со Леброн му ја донесоа титулата на Лејкерси. Потоа се шпекулираше дека, откако стана слободен агент, има намера да си оди од градот на Ангелите. Но, тоа беа само шпекулации. Лејкерси на наговор на Леброн му понудија одличен договор и јасно е дека Дејвис ќе ја прифати.

Нема што, полека но сигурно во Лејкерси се создава “Династија“ која долго ќе владее со НБА.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата