Во базите на САД во Бугарија веќе пристигнуваат бомбардерите од типот Б-2 “Стелт” откако Американците се судрија со Иран околу нуклеарната програма на оваа земја. Ова го соопштува британскиот весник “Сандеј Хералд” кој прецизира дека се тоа податоци од разузнавачки извори кои се добиени преку сателитски снимки.

Според потпишаниот договор помеѓу владите на САД и на Бугарија, американски воени единици можат да користат заедно со бугарски единици неколку воени објекти – базата Безмер, полигонот во Ново Село, аеродромот Во Гроф Игнатиево и магацини кај Ајтос. Од министерството за одбрана на Бугарија, за софискиот весник “Монитор” демантирана е информацијата, без посебен коментар со посочување на фактот дека не се обавени никакви консултации, што во такви случаи, кога се користи бугарската територија од страна на САД или било која друга странска земја по договор, се прават задолжително за да се запазат целосно суверенитетот и законите на земјата.