Фудбалската федерација на Италија за добиениот црвен картон против Сиена го казни капитенот на Рома, Франческо Тоти, со пет натпревари. Тоти беше исклучен поради пресметката со Игор Тудор и Франческо Колонезе, една минута откако на Колонезе му беше покажан жолт картон. За предвременото испраќање во соблекувалната федерацијата го суспендира на една средба, а за одмерувањето на силата со противниците го “почести” со дополнителни четири натпревари и парична казна од 500 евра, а Рома му скрати 30 проценти од месечната плата. Во исто време, напаѓачот на Јувентус, Златан Ибрахимовиќ е казнет со три меча. По прегледувањето на ТВ-снимката беше утврдено дека Швеѓанецот со глава го удрил дефанзивецот на Интер, Синиша Михајловиќ, инцидент што не беше регистриран од главниот судија Масимо де Сантис.