Стоматолозите од примарното здравство кои ќе работат со Фондот за здравствено осигурување ќе можат да сметаат на 45 денари капитација по осигуреник. Ова е предлогот на Фондот кој за да се официјализира треба да биде аминуван и од неговиот нов Управен одбор кој деновиве треба да биде аминуван од парламентот. “Во периодот додека сите осигуреници изберат свој матичен стоматолог, капитацијата би можела да биде и поголема, но сепак, не популарно и пожелно по истекот на предвидениот грејс период од 10 месеци таа да се намалува”, објаснуваат во Фондот. Со трансфромацијата на стоматолошкиот сектор е предвидено под закуп да одат околу 360 државни стоматолошки ординации, а стоматолозите досега калкулираа со договорите за закуп со образложение дека “не е дефинирани условите, односно не е познат капитациониот денар кој ќе им следува секој месец по осигуреник, без разлика дали тој побарал или не стоматолошка услуга”. (Р.Н.)