Совршеното еспресо помеѓу баристите е познато како „The God Shot” бидејќи се работи за филџан кафе со божествен вкус.

За жал, поради низа околности, не секое еспресо се смета за божествено. Не секоја крема е пенлива и не секој вкус се задржува долго после последната голтка. Како да го препознаеме доброто еспресо? Еве неколку негови одлики.

Изглед

Еспресото треба да причинува задоволство уште на првиот поглед.

Кремата треба да биде густа и стабилна, со боја на лешник. Таа не треба да биде премногу тенка и светла, ниту пак, премногу темна. Еспресото не треба да има светли дамки бидејќи тие укажуваат на тоа дека се правело подолго време од потребното.

Како и да е, еспресото не може да се одреди само според кремата. Се случува кафе со убава крема сепак да не е вкусно. Во одликите на добро подготвено кафе, освен кремата, припаѓаат и аромата, вкусот и чувството кое го буди еспресото во Вас.

Арома

За да ја почувствувате аромата на еспресото, издишете го целиот воздух, доближете се до шолјата и вдишете длабоко. Важно е неколку пати да се обидете да ја почувствувате аромата, бидејќи е потребно одредено време за да се почувствуваат сите ароматични елементи на кафето. Обратете внимание на аромата затоа што токму таа би требало да Ви го открие вкусот на еспресото.

Аромата треба да биде длабока, богата и комплексна. Не би требало да има изгорен, кисел или хемиски мирис. Мирисот на изгорено е индикатор дека станува збор за неквалитетна Робуста со ист вкус како и мирис.

ЕСПРЕСО КАФЕТО ЖИВЕЕ 2 МИНУТИ

Првата голтка

Испивањето на првата голтка еспресо, начинот и емоцијата, се исклучително значајни бидејќи еспресото е кафе кое се консумира различно од обичното кафе. Тука пред сé се мисли на уживање во кафето. Земете воздух, издишете малку и напијте се една голтка. Запаметете дека мирисот и вкусот се тесно поврзани, затоа би требало да се напиете веднаш откако ќе земете воздух.

Иако е едно од најсилните кафиња, еспресото во себе инкорпорира палета на вкусови. Првата голтка можеби нема да ви ги долови сите негови нијанси и варијации на вкусови, затоа е потребно да голтнете, да вкусите еднаш, потоа да паузирате, па да го повторите процесот уште еднаш за да можете комплетно да го вкусите кафето.

Чувство

Еспресото треба да има вкус на стопен путер – тешко, густо, глатко, замастено, но во позитивна смисла. Треба да има тежина и „текстура” односно густина различни од водата. Водата буди чувство дека брза да стигне до стомакот, а еспресото треба да буди чувство на задржување на вкусот.

Вкус

Да, вкусот е на кафе, но и многу повеќе од тоа. За личност која прв пат вкусува еспресо, вкусот може малку потешко да се опише затоа што се менува со секоја следна голтка.

Начинот на кој завршува вкусот, може да биде многу поразличен од тоа каков бил на почетокот. Природно е да запаметите каков бил вкусот на крајот и затоа треба да посветите внимание на тоа какво било кафето на почетокот. Добриот вкус на еспресо би требало да го чувствувате десет или дваесет минути по последната голтка.

Колку екстрахирано треба да е еспресото?

Недоволно екстрахираното еспресо има чиста, тенка и нестабилна крема која ќе исчезне за многу брзо време. Ова кафе има благ вкус и му недостасува арома и добар завршеток.

За разлика од него, премногу екстраxираното еспресо има крема со многу темна боја со честа присутност на бела дамка. Ваквото еспресо има силен и небалансиран вкус проследен со преголема киселост.

Совршено еспресо

Кога зборуваме за квалитетно еспресо, за сите љубители на задоволство во чаша, сите оние кои сакаат да се напијат квалитетно еспресо со експлозија на вкусови препорачуваме кафе со италијански примеси. „ИДЕАЛЕ” е нов бренд на еспресо кафе на македонскиот пазар направено по италијански рецепт. Мешавината на Арабика и Робуста му дава на кафето силна арома, крема со боја на лешник и квалитетен вкус. Дозволете му на „Идеале” со својот вкус да Ви ја долови италијанската атмосфера во кафулињата и воедно да се погрижи да пиете божествено еспресо. „Идеале” буди емоции, раскажува приказни, сведочи за радост и љубов, и остава простор за раскажување на Вашето „идеално” искуство. Затоа што, Идеале е кафе направено со срце.