Најмалку 20.002.577 случаи и 733.842 смртни случаи се регистрирани во целиот свет.

Беа потребни цели 94 дена по откривање на првиот случај во Кина, бројот на заразени во светот да достигне еден милион.

Осумдесет и шест дена подоцна, на 28 јуни, бројот на заразени ја надмина бројката од 10 милиони.

Од 28 јуни до денес бројот на официјално регистрирани случаи на ковид – се удвоил и надмина 20 милиони заболени.

Четири од 10 случаи на коронавирус се пријавени во САД и Бразил, двете земји кои се најпогодени од пандемијата: Во САД се регистрирани 5.075.678 случаи и 163.242 смртни случаи, а во Бразил 3.057.470 случаи и 101.752 смртни случаи.