Почитувани, по езерото Кенигсе во Германија, и езерото Анисе во Франција, сега се рекламира хотел во Бали Индонезија.

И за тоа власта на СДСМ 20.000 евра, договорено во четири очи!

Ова е фотографијата за кампањата „Дома си е Дома“, за летување дома,

Ова е фотографија од хотел во Бали, Индонезија употребана за кампањата Дома си е дома.

Само за оваа забегана власт , за Заеви, Шекерински, и останатите, Бали можеби им е дома.

Ете така размислува оваа забегана власт, дека луѓе со примања до 15 илјади месечно, сега можеби ќе ги излажат и со ваучерот дека ќе летуваат на Бали, во можеби во Германија или Франција!

Почитувани, срамно е среде епидемија со илјадници заразени, стотици починати, доктори оставени да се снаоѓаат сами, без никаква надомест за награда, власта на забеганата СДСМ да плаќа за договор во четири очи, за рекламирање на Франција, Германија или индонезискиот остров Бали, со една цел само и само за изборен поткуп.

Уште посрамно е што за тоа е избрана фирма без конкурс, без оглас, фирма секако позната и која работела во Струмица, и добила пари од Фондот за иновации.

Вакво понижување од своја власт не заслужиле ниту Македонија ниту граѓаните.

Не се размислува за помош на граѓаните, од нив се бара да се откажуваат од средствата, да донираат, земјата тоне во здравствена и економска криза, а од друга страна забеганата власт на СДСМ плаќа да рекламира странски туристички дестинации.

Почитувани, ќе ја поразиме короната и ќе го поразиме и вториот вирус- Заев и СДСМ.

Изборот е или Обнова или Измами! Македонија не заборава, Македонија ќе победи !

Ви благодарам на вниманието

Прашање: Две години од потпишувањето на Преспанскиот договор, која е оценката на ВМРО-ДПМНЕ после 2 години од овој договор, дали има придобивки за напредок на земјава или останувате на ставот дека и натаму тој е штетен.

Одговор: Времето покажа дека за се она за кое што предупредувавме се оствари, распука бетонот за идентитетот гарантиран и излажан од Зоран Заев, економски воопшто не е добро, напротив е полошо со оваа рекетарска власт. Европската иднина токму поради оваа рекетарска власт е се уште далеку, во однос на Преспанскиот договор тоа е реалност која што Зоран Заев ни ја наметна, но ние нема да дозволиме жарот за Македонија некогаш да згасне.