x

За примање мито ФИФА суспендира доживотно

ФИФА објави дека доживотно го суспендира од бавење на било каква функција во фудбалот до крајот на животот, екс претседателот на фудбалскиот сојуз на Панама, Ариел Алварадо.

Тој е виновен за земање поткуп, при организација на мечеви на националниот тим на оваа земја, како и правење матни зделки околу телевизиските права и продажбата на макретинг правата на тие преноси.

Алварадо кој е инаку поранешен член на извршниот одбор на ФИФА треба да плати половина милион швајцарски франци како казна за овие прекршоци.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата