Бродот со неколку имигранти пристигна на брегот на Австралија за првпат по четири години, рече министерот за внатрешни работи, Питер Дантон.

Австралија го спречи доаѓањето на имигранти со чамци и бродови користејќи ја морнарицата, а бегалците се упатуваат кон камповите на сиромашните пацифички острови Папуа, Нова Гвинеја и Науру.

Дантон рече дека неколку луѓе пристигнале во североисточниот брег на Австралија со рибарски брод од Виетнам. Министерот рече дека се случил пропуст во надгледувањето на пловидбата во државата Квинсленд.

извор: Makfax