x

За првпат по три години „Ол-стар“ тимот во Лигата на шампионите без Вардарец

vardar-precek

ЕХФ го објави „Дрим тимот“ за оваа сезона. За првпат по три години во овој избор не се најде ракометар на Вардар. Добро е познато дека македонскиот тим токму во изминатите три сезони беше редовен учесник на Ф4 завршницата во Келн, а во идеалниот состав секогаш имаше место за „црвено-црните“.

Оваа година фановите на европскиот првак имаа шанса да гласаат за Тимур Дибиров, кој беше единствен претставник од таборот на македонскиот тим. Во конурекнцијата лево крило победи Мануел Штрлек од Вепрем.

Во најдобриот тим во ЛШ се најдоа екс-вардарците, Алекс Душебаев и Давид Дејвис. Предводникот на Веспрем ја доби наградата за најдобар тренер, тој и неговиот тим во декември ќе се обидат да дојдат до титулата, откако лани во финалето беа надиграни од Вардар. Практично најдобрите седум ги сочинуваат претежно ракометари од тимовите-патници во Келн: Кил, ПСЖ, Веспрем и Барселона.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата