Оперативниот систем Виндоуз 7 во САД за првпат го надмина Виндоуз ХП во поглед на застапеност во компјутери на корисници. Според компанијата СтатсКаунтер, ОС Виндоуз 7 во почетокот на април се наоѓа во 32,2 отсто компјутери во САД, додека ХП го користат се уште 30,7 корисници. Мајкрософт соопшти во крајот на јануари дека од почетокот на продажбата на тој ОС (2009), се продадени 300 милиони копии од тој систем. На глобално ниво, се уште е во предност верзијата ХП на ОС Виндоуз, со 46,8 отсто корисници во светот додека Виндоуз 7 користат 31,5 отсто компјутери.