Американскиот претседател Доналд Трамп поради пандемијата од коронавирусот прогласи состојба на голема катастрофа во сојузната држава Вајоминг, па сега сите 50 американски држави се со тој статус.

Според портпаролот на Белата куќа, Џад Дир, ова е првпат во историјата да биде прогласена голема катастрофа во сите 50 држави во исто време, пренесува „Фокс њуз“.

Гувернерот на Вајоминг, Марк Гордон побара да се донесе мерката, иако досега не е пријавен ниеден случај на зараза во оваа држава.

„Иако Вајоминг не се најде во тешка ситуација како некои други држави, оваа мерка ќе ни помогне да ги подготвиме и мобилизираме ресурсите за моментот кога ќе ни требаат“, рече Гордон.

Соединетите држави изминатото деноноќие го зазедоа првото место по бројот на смртни случаи од короноавирус во светот, со повеќе од 20.000 жртви.

извор: Makfax