Од вкупно 267 бугарски деца, регистрирани во списоците за посвојување од странски државјани, само 10 до 15 отсто се здрави, изјави заменик-министерот за правда Маргарит Ганев. Според него, другите деца имаат сериозни здравствени проблеми. Бројот на децата кои очекуваат да бидат посвоени е околу 2.400, јавуваат бугарските медиуми.