Хрватските власти, кои присуствуваа на комеморацијата на жртвите од Јасеновац во Спомен-паркот, ги коментираа реакциите на српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, по пораката на Загреб дека не е добредојден во Република Хрватска. Андреј Пленковиќ не пропушти можност да повтори дека Србија ѝ била агресор на Хрватска од 1991 до 1995 година.

Пленковиќ нагласил дека забраната за влез на Вулин во Хрватска е јасна порака на став и одлучност на официјален Загреб, дека нема да толерира однесување како тоа на српскиот министер за одбрана. Тој повторил дека бил добар чекор тоа што парламентарната делегација ја напуштила Србија по инцидентот во српското Собрание.

Хрватскиот премиер истакна дека Хрватска сака да ги намали тензиите и да отвори простор за дијалог меѓу двете земји.

извор: Makfax