Во последното деноноќие има 241 заразени и 8 починати. Македонија станува Ломбардија на Балканот и рекордер по смртност и заразени на еден милион жители. Ова го покажуваат бројките од земјава споредени со останатите земји од Балканот.

По бројот на заразени на 1 милион жители Македонија се наоѓа на врвот на листата со дури 1.000 повеќе заразени од вториот на листата Косово и за три пати повеќе од Словенија и Хрватска. И по бројот на смртни случаи предничиме пред останатите. Со 189 починати на 1 милион жители Македонија е на врвот пред Босна и Херцеговина која брои 72 починати. Хрватска која пролетта беше зафатена од силниот бран со Ковид-19 брои само 29 починати на 1 милион жители и се наоѓа најдолу на табелата.

И додека по црните параметри сме во врвот, во однос на тестирањето сме на средината, односно 4ти по ред , со спроведени 38.771 тестови на еден милион жители. Тука лидер е Србија, па Словенија.