x

За нови 85 милиони долари: Леброн во Лејкерси до 2023!

lebron-dogovor

Иако има дури 36 години, сепак “Кралот“ нема намера така лесно да се откаже од она што најдобро го знае, а тоа е добро да игра кошарка. Па така попладнево светските медиуми објавуваат дека Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата се договорил со Лејкерси за продолжување на договорот до 2023 година. За тој нов договор „Кралот“ ќе добие 85 милиони евра. Да не заборавиме дека за следната сезона, 2020-2021, Леброн ќе заработи најмалку уште 40 милиони евра, и во оваа сума не се пресметани се разбира парите од останатите договори за реклами и слично.

Инаку Леброн минатата сезона, заедно со Дејвис, ја заврши триумфално, ја освои првата титула со Лејкерси во НБА, или вкупно четврта негова. Во моментов клубот од ЛА посакува уште повеќе да се засили, со цел и во наредниот период тие да освојат уште некој шампионски прстен.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата