Од касата на Фондот за здравствено осигурување ќе се издвојат 68 милиони денари за потребите на Клиничкиот центар. Овие средства се наменети за завршување на градежните работи на Клиниката за гинекологија, за градежни работи поврзани со сместувањето на барокомората, како и за реконструкција на плафонот во Дијализа “Чаир”. Исто така, одобрени се и 2 милиони денари за доградба на поликлинички дел во Општата болница во Струга. Ова е предвидено со одлуката на Управниот одбор на Фондот од петочната седница на која на дневен ред била Предлог-програмата за инвестициони вложувања во здравствените установи во 2006 година која била усогласена и со Министерството за здравство.(Р.Н.)