x

За неполн ден одигра мечеви со репрезентацијата и со Палмеирас во две различни држави!

vaverton-e1602787566678

Бразил го победи Перу во квалификациите за СП 2022, а Нејмар беше херојот на мечот со хет-трик. На голот на бразилската репрезентација се појави Вавертон кој уште во раната фаза на мечот прими гол од далечина. До 83 минута резултатот беше 2:2, а потоа Нејмар постигна два гола за конечни 4:2.

Но веднаш по мечот Вавертон од Перу летна за Бразил. Имаше време од само 19 часа (значи неполн ден) за да се прибере и да го одигра мечот за Палмеирас против Коритиба во домашното првенство. Растојанието помеѓу Лима и Сао Пауло е 3500 километри, а со авион тоа е околу четири часа лет.

Но Вавертон стигна на време, го соблече бразилскиот дрес и го облече на Палмеирас. Но се чини дека уморот си го зема данокот. Во првите 25 минути тој прими два гола, а додека гостите го славеа вториот гол, ја шутна топката и нокаутираше двајца противнички играчи (ВИДИ ВИДЕО).

Палмеирас го изгуби мечот со 1:3 што беше нивен трет пораз по ред. А Вавертон одигра 180 минути за помалку од еден ден. 32-годишниот голман ја помина целата кариера во Бразил, а најголемиот успех му беше злато на Олимписките игри 2016.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата