Во текот на изминатото деноноќие во однос на мерката за носење заштитна маска регистрирани се 672 прекршоци, информираат од МВР.

Министерството апелира до граѓаните на совесност во услови на ублажување на мерките и повикува да се почитуваат препораките од здравствените власти со цел да се спречи ширењето на вирусот.

извор: Makfax