x

За неверување: Бесарт нема дадено гол во ПМФЛ цели 265 дена, или на 8 меча во серија!

besart-1

Бесарт Ибраими, најдобриот фудбалер на Шкендија, но и во ПМФЛ, е во “црна“ серија која трае ли трае. Имено “бомбардерот“ нема постигнато гол во првенството цели 265 денови или на осум меча во серија. Навистина тоа е голем и долготраен пост за еден фудбалер од калибарот на Бесарт, кој со 167 голови е најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ. Тие 265 денови и не се толку трагични, познато е дека имаше пауза поради корона кризата од четири месеци, па потоа пауза поради конечниот прекин на минатата сезона, па така фудбал почна да се игра пред десет дена во Македонија, тука мислиме на ПМФЛ.

Но тие осум меча навистина се премногу. Веројатно на Ибраими ова не му се случило никогаш во неговата кариера.

Последен пат Бесарт Ибрами ја тресел противничката мрежа на 1 декември 2019 година, кога во Тетово неговиот тим го победи Шкупи со 4:0, а Бесарт двапати се запиша во листата на стрелците. “Бомбардерот“ потоа не даде гол на тој последен меч од таа фаза на првенството, потоа не стрелаше на тие пет меча во март – април оваа година, даде гол само во Купот со Работнички, а еве го нема во листата на стрелците ни на првите два меча од новата сезона. И тоа со Шкупи на Чаир и Струга во Тетово. Шкендија постигна четири голови, но ниту еден не е дело на Бесарт Ибраими.

Шансата конечно да „тресе“ се вика Македонија ЃП, во сабота во рамките на 3.коло во ПМФЛ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата