Забележете ги најубавите празнични мигови и празничната атмосфера споделете ја со нас.


Направете фотографија дома, на градскиот плоштад, на улица, во кафеана, кафуле… секако, во празнична атмосфера и заедно со објавениот купон испратете ги во нашата Редакција. Вашите фотографии 10х15 см, испратете ги најдоцна до 15 јануари на нашата адреса “ЗА НАЈДОБРА ФОТОГРАФИЈА” редакција “ВЕЧЕР” ул. Никола Вапцаров бр. 2, 1000 Скопје.


Најдобрите 20 фотографии ќе бидат објавени на нашите страници, како и изложени, а за изборот на трите најуспешни, за кои следува и награда, ќе се погрижи стручното жири составено од: Слободан Вукадиновиќ, Иво Лауренчиќ и Ѓорѓи Личовски.


Носители на наградниот конкурс се НИКОН и Редакција “Вечер”. Добитниците на наградите ќе бидат објавени по затворањето на конкурсот, односно во понеделник на 24 јануари 2005 година