Во супермаркет во Велс неодамна е пронајден примерок на егозтичен минијатурен вид на жаба жаба за која дека пристигнал во Велика Британија дури и од Јужна Америка.

Според Би-Би-Си, жабата била во товар со банани увезени од Колумбија, па се верува дека потекнува од таа земја.

Благодарение на острото око на вработените, жабата со големина на човечки палец била забележана по што била преземена од организација за заштита на животните.

Денес за неа се грижи зоолошката градина специјализирана за морскиот свет, чии експерти веруваат дека станува збор за примерок од вид што живее во близина на стебла од банана.

На патот од Колумбија до супермаркетот, жабата помионала повеќе од 8000 километри, а се верува дека успеала да преживее без храна и вода и во значително различни климатски услови, благодарение на можноста да го забави својот метаболизам.