Ниту е изречено, ниту кој било што ја претставува В.В.Тиквеш некогаш би изрекол такво нешто. Ова вчера го изјави во официјален демант В.В. “Тиквеш” по повод лажните наводи во вчерашната изјава на градоначалникот на Кавадарци, Панчо Минов, дека лозарите се наречени “уличари”, што е пренесено во некои медиуми.
Винарската визба Тиквеш ги смета лозарите за своите партнери и така се однесува кон нив. Се друго е безобразна лага и обид да се манипулира со оние кои имаат вистинска мака. Сите што сакаат да ја согледаат ситуацијата онаква каква што е реално, нека си одговорат на едноставното прашање – кому и за што му се поважни и попотребни лозарите – на визбата, на која и се партнери и која зависи од нив или на поединци кои манипулираат и ги злоупотребуваат во политички и лични цели, изјави во својот демант најголемата винарска визба кај нас, по повод новите политички ескалации околу нивната куќа.