Граѓаните на работ на егзистенција. Мака мачат како да преживеат од 15 до 15. Ниту  со просечна плата  во висина од 27.535 денари повеќе не може да се преживее.

За околу стотина евра потрошувачката кошничка за месец август ја надмина просечната плата, покажуваат анализите на Државниот завод за статистика и синдикатот. Македонија е една од државите со најнизок стандард на живеење . Граѓаните прашуваат  од каде да најдат 33.500денари колку што изнесува и синдикалната кошничка, кога  платите во некој сектори се далеку пониски од просекот.

Корона кризата дополнително го стегна обрачот околу просечниот граѓанин. Отпуштање од работа, затворање на производствени капацитети станаа секојдневие. Неофицијалнте бројки покажуваат дека само минатиот месец  во Штип без работа останале околу 200 текстилни работнички.

Оптимистичка прогноза немаат ниту стопанствениците.според нив вистинскиот ковид ќе дојде, но откако ќе заврши пандемијата.Доцнењето на четвртиот пакет мерки што го ветуваше владата ќе биде причина за отпуштање на работници и  затварање на бизниси.

Од март до сега околу 14.000 граѓани во државата останаа без работа,а бројот на социјални случаи   е зголемен за 5.000.