Според проценките на стручњаците, изградбата на метро во Загреб би чинела околу 600 милиони евра. Но, во оваа цена не е вкалкулирана и вредноста на земјиштето кое треба да се откупи на локациите каде влегува и излегува метрото, како и за метро станиците. За финансирање на овој мега проект се предвидува комбинираниот модел на јавно-приватно партнерство.