За малку тепачка поради Месиќ
Прогласувањето на претседателот на Хрватска Стипе Месиќ за почесен граѓанин на Подгорица за малку ќе се претвореше во тепачка меѓу спрските пратеници од СНП и нивните колеги од владејачката коалиција. Не бадијала таа 13 баксузна точка од дневниот ред беше прогласена за “точка од висок ризик”. Се почна поради процедурална забелешки и недоследности, но се знаше дека суштината е подлабока, бидејќи српските пратеници цело време тврдеа дека Месиќ е виновен за распадот на Југославија и индирактно, за загиниувањето на 58 жители на Подгорица во воените години.