Неверојатно е дека некој мора да работи за одредена сума на пари цела година, а некој за неколку секунди или минути, но тоа е последица на неолиберализмот во кој живееме.

Јазот во платите постојано расте, особено во Америка, каде директорите на водечките технолошки компании во Силиконската долина заработуваат огромни суми.

За подобро да ги разбереме овие разлики, платформата Simple Texiting, користејќи финансиски извештаи од 2019 година, разви калкулатор во кој корисниците можат да ги внесат своите приходи или некои трошоци, и да видат колку треба најбогатите во светот да ги добијат тие пари или отплатат таа сума.

Порталот „Ал Џезира Балкан“ се осврна на ова и дојде до следните заклучоци:

Џеф Безос, основачот на Амазон, заработува просечна годишна плата во Босна и Херцеговина за помалку од три секунди (6.726 американски долари), а Марк Цукерберг, шефот на Фејсбук, за една минута и 48 секунди заработува просечна годишна плата на работниците во Црна Гора (7.452 долари).

За да се заработи просечната српска годишна плата (7.072 долари), на Илон Маск, основачот на „Тесла“ и „Спејсикс“, кој вчера стана четврт најбогат во светот – потребни се 1 минута и 36 секунди.

Понатаму, во Хрватска просечната плата за 12 месеци е 12.557 долари, а шефот на Ејпл – Тим Кук – ги достигнува тие пари за 52 минути и 48 секунди. Додека Словенија, со плата од 17.587 долари на годишен план, кој Сатја Надела (Мајкрософт) ги заработува за три часа, 35 минути и 24 секунди.

Тие се  најплатени извршни директори во светот, чија вкупна плата за 12 месеци надминува 83 милијарди долари.