Лаборатории со ознака Ѕ-4 се оние во кои се проучуваат најсмртоносни вируси во свет. Соодветно на тоа и не е чудно што се сметаат најопасни во светот, а ги има дури 40 ширум планетата, најмногу во САД. Една од таквите е онаа познатата во Вахун, од каде што изби пандемија на корона вирус.

Лабораториите се просторно одвоени од останатите колективи во рамки на клиниките каде што се наоѓаат, и се што влегува и излегува од нив, било во аеро или течна состојба, мора да поминат низ посебни филтри.

Една од теориите на завера во врска со корона вирус е и таа дека самиот Ковид-19 изнесен е случајно од лабораторија, но досега не е докажано.

Самата внатрешност на лабораторијата е отпорно на раствори, а ѕидовите и вратата се стопостотно затворени во секој момент (освен кога некој мора да влезе), додека внатрешниот притисок е многу помал од вообичаено. Така киселини и алкални раствори неможат да излезат од лабораторија во случај на пукање на лабораториски материјал.

Се чуваат само примероци на вируси од болести неопходни за истражување, додека контеминираната крв е затворена во витрини. Инструментите за работа се стерелизираат во посебни комори, а малкумина се оние стручњаци кои можат да работат во овие лаборатории.

Тие се заштитени со одела тешки од 10-12 килограми, доста поразлични од оние кои ги гледаме во постојана борба против корона вирус.

Поради тоа нивниот работниот ден трае само три часа, на крај работниците се “тушираат“ со персирцетна киселина, а потоа следи редовно капење исто така во посебни простории.