Марјан Коцев, кој веќе долги години живее во Скопје, вели дека и покрај тоа што во главниот град се чувствува како дома, сепак му недостасува родното Кавадарци, каде што ги поминал најубавите години од својот живот.

Работата ме наведе да живеам во Скопје, животот е таков, денес таму, утре тука и се така во круг. Сепак, Кавадарци е местото во кое сум роден, тоа е моја родна грутка, за тој град ме врзуваат најубавите спомени од детството и младоста и на моменти навистина ми недостасува”, откри фолкерот кој наскоро планира да промовира неколку нови песни и спотови.

Подготвувам две нови песни, а за едната од нив ќе снимам и спот. Некаде кон крајот на јули планирам да снимам спот и за уште една постара песна која е напишана и направена специјално за Битола, па таму ќе ги снимам и кадрите за видеото. Ме очекува долго и напорно лето, имам многу закажани настапи низ земјава, свадби, а некаде кон крајот на годинава планирам да заминам и на турнеја надвор од земјава”, додаде Коцев.

(Ј.А)