Славниот глумец ги изненадил сите со тестаментот кој го оставил.

Навршени се точно 32 години од смрта на познатиот глумец Павле Вујисиќ, а бидејќи бил поразличен во се, и неговиот тестамент бил специфичен. Имено, тој на парче хартија напишал:

– Тестамент на Павле Вујисиќ, роден од мајка Радмила и татко Миша, кој на ден први ноември 1982 година. при чиста свест и здрав разум ја составувам оваа порака. Мирјана, женами, се што имам во случај да оптегнам, и го оставам имотот со тоа што разумно ќе го распродаде или отуѓи мојот имот, односно свој, а ако не биде во состојба со имотот да располага, тоа само судот ќе може да го стори. Мирјана ако после мене остане, има да ме погрба со сите адети и сите православни црковни почасти, со шест попа, пред моето тело да се видат и слушнат. Погребете ме во нашата гробница, а посмртен говор да не се слушне. вие шест попа (кои за инает ги сакам) да напарават се она што околу гроб се прави, да работат и да Шуте (молчат)

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Pavle Vuisić u filmu ,,Doktor Mladen”(1975.) #doktormladen #midhatmutapcic

A post shared by Pavle Vuisic (@pavle.vuisic) on

 – Бидејќи мислам дека ќе умрам, а и онака се ова го пишувам, уште да ве замолам никаков комунист да не ми држи говор, ни еден збор да не прозбори, бидејќи во гроб ќе се превртувам, и не само да се превртувам, туку и ќе станам од гроб, и ноќно време ќе го прогонувам и него и сите негови, и колку да се на свет матер им је***… Павле Вуисиќ, своерачно, на латиница, пред смрт, кога-тогаш – стои во тестамент кој е објавен во биографијата на Пвле Вуисиќ “После фајрона“, од авторката Александра Ѓуричиќ.