Во САД за едно деноноќие бројот на новозаразени од коронавирус се зголемил за 9.339 лица, соопштија денеска волонтерите од „Ворлдометерс“.

Во големите градови како Њујорк, Чикаго, Лас Вегас и Лос Анџелес е воведен карантин.

Според последните податоци, досега во САД починале над 400 лица, а позитивни на вирусот се 35.121 луѓе.

Во моментов, САД е на трето место по број на заболени од Ковид-19, после Италија и Кина.

извор: Makfax