Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените сообраќајни контроли во кои само на територијата Скопје изречени се вкупно 438 мерки.

Како што информираат од МВР, меѓу санкциите се и 43 за возење без возачка дозвола, 9 мерки за нерегистрирани возила и исто толку за технички неисправни возила, како и 27 санкции за користење мобилен телефон. Изречени се 14 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 15 за управување под дејство на алкохол, 40 санкционирани пешаци, 82 мерки за непрописно паркирани возила, 53 возила се подигнати од „пајак“ службата, а изречени се и 31 санкција за неносење заштитна маска.

Од полицијата нагласуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

 

извор: Makfax