За еден ден полицијата казнила 250 возачи во Скопје, од кои 77 за пречекорена брзина.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 250 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 казни, за пречекорување на дозволената брзина на движење казнети се 77 возачи, а 18 се казнети за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Напишани се 66 казни за непрописно паркирање, 61 возило е подигнато со „пајак“ и изречени се 33 казни за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, елат од МВР.

извор: Makfax