Во Италија починаа 889 лица во последните 24 часа, а пријавени се 5.974 нови случаи на коронавирус, пренесуваат италијанските медиуми.

Во оваа земја досега починале 10.023 луѓе, а заразени се 92.472 лица.

Според последните податоци, досега во земјата заздравеа 12.384 луѓе.

Италија има најголем број заразени од коронавирусот во Европа, а е втора во светот по САД каде досега се регистрирани над 110.000 лица позитивни на Ковид-19.

 

извор: Makfax