Денеска во Тетово се одржала средба речиси на сите наши навивачки групи. На истата се родила иницијатива сите тие заедно да навиваат за Македонија на историскиот натпревар со Косово, кој ќе се одигра на 26 март во Скопје. Под мотото – За Македонија единствени, за оваа иницијатива дале согласност Комитите, Чкембарите, Војводите, Лозарите, Фалангата, потоа Рибарите, Паткарите, Гемиџии Гостивар, Гемиџии Велес, Лебари, Ултра банда, Сејмени, Ѓаоли …
Се известува дека средбата завршила со хуманитарбна акција со донирање облека во црквата Свети Кирил и Методи.