x

За добро утро: Веспрем се присети на ремек-делото на Манасков од зад грб (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков одлично се вклопи во Веспрем. Тој од 2017 е член на унгарскиот тим и има стандардно место.

Иако сезоната одамна е завршена поради пандемијата на коронавирус, сепак луѓето задолжени за социјалните мрежи постојано ги анимираат фановите со најразлични погодоци, фотографии и приказни.

Денеска, за добро утро на својата официјалната страница, Веспрем ги потсети на еден од ремек-делата на Манасков. Овој пат станува збор за погодок од 2019 година против Спортинг, нашиот репрезентативец постигна фантастичен гол од зад грб.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата