Се жалат и земјоделците, а многу други пак, велат дека инвестиции во инфраструктурата и училиштата има само во градовите, а не и во селата, објави Алсат

„Година на корупција. Ништо не се сработи. Ништо, ништо“…

„Имаше ли нешто за земјоделците во 2019 година? Малку, многу малку. Во 2020 година очекуваме да биде подобро, нови вработувања за младите. Треба да се инвестира во училишта, болници, патишта, каде и да има потреба од тоа“…

„Ништо не е сработено, кој ќе работи. Во селата, генерално, ништо не се работи, можеби во градот да, но не доволно“, рекоа граѓаните.

Во новата година, граѓаните очекуваат поголеми инвестиции и отворање на работни места за младите, како и изградба на градинки и нови училишта.

Многу граѓани од земјава се разочарани од 2019 година. Нивните очекувања беа големи, но од ветувањата беше остварено многу малку. Оние со кои зборувавме ги обвинуваат политичарите дека играат со судбината на народот, особено на младите кои се присилени да го напуштат родното место.