Вчера во 14.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Методија Андонов Ченто“, за време на воведената мерка за ограничено движење, го лишиле од слобода С.М.(30) од скопското село Инџиково, скопско, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

извор: Makfax