x

За Балканот беше нешто посебно: Некролози за Марадона…

127581506_3618145254908739_9218900007961315150_n

Марадона беше фудбалскиот Бог. Сакан, обожуван од сиромшните, од не така јаките и силните. За сите нив беше само Марадона, најголемиот. Дека на овие простори, на Балканот тој беше обожуван, доказ се бројните некролози во дневните весници кои осамнаа денеска. За Балканот дон Диего беше нешто посебно.

Иако немавме многу можности да ни гостува, сепак како фудбалер доаѓаше во Белград со Барселона, за него Емир Кустурица сними и филм. Беше во Загреб на гробот на Дражен, знаеше да ги цени великаните и гигантите на спортот.

Сочуствуваше со малите народи. Затоа за Балканот тој е херој во вистинска смисла на зборот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата