Една од најпопуларните боксерки на светот, поранешниот модел на “Плејбој” Миа Сент Џон успеа да го освои првиот шампионски појас во бокс во својата кариера. Таа тоа го постигна во верзијата на ИФБА, откако убедливо ја победи својата конкурентка за титулата Лиз Дрју. Судиското жиро беше едногласно во одлуката и буквално ја спаси од посериозни повреди противничката на Миа. Наскоро бившиот еротскиот модел ќе наполни 38 години, меѓутоа уште пред една година изјави дека нема намера мошне брзо да се откаже од боксот. За да го потврди тоа, освен што ги докажа сопствените боксерски квалитети во споменатата борба, таа во своите планови има уште три борби до крајот на оваа година. Веќе во наредната 2006 година Миа Сент Џон во својот календар на натпревари има впишано ни помалку, ни повеќе, туку точно 11 борби. Боксот толку ја преокупира поранешната “зајачица”, што за нови фотографирања за своето поранешно сакано списание “Плејбој”, Миа се уште не пријавила желба да се најде пред објективите. Знаејќи колку силно удара, можеби никој и не се осмелува сега да и предложи нешто такво.