“Зачувувањето на интегритетот на БИХ е прашање кое е врзано со зачувувањето на Косово, но и мирот воопшто. Без тоа нема среќа за никого во регионот… Ние сме против наметнување решенија, бидејќи одлуки можат да носат само легитимни претставници на граѓаните. Идејата за суспензија на некои народи е опасна. Само дијалог и компромис се решение, а тоа важи и за Србите, Хрватите и Бошњаците” -рече меѓу другото Борис Тадиќ за весникот “Блиц”, коментирајќи го заострувањето на односите во врска со референдумот во РС.

Тој додаде дека и покрај непријатната асоцијација која во БиХ ја буди самиот збор “референдум”, тоа нема никаква врска со територијалниот интегритет на земјата. За него се опасни шпекулациите дека некои политичари во таа држава би можеле да бидат исклучени од политичкиот живот, поради најавениот референдум во Република Српска.

“Помина времето на фолклорниот патриотизам и националните политики, кои не ги согледуваат последиците од одредени политички постапки. Токму во името на националната и регионалната политика се противам на поделба на БиХ, но се борам и за статусот на српскиот народ во БиХ”, појасни Тадиќ.