Нов премин на украински бродови преку теснецот Керч, кој го најави украинскиот секретар за национална безбедност и одбрана, Александар Турчинов, ќе се смета за нова неодговорна провокација, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Тоа е апсолутно неодговорно, единствената цел на таквата ситуација ќе биде да се влоши сегашната ситуацијата”, рече Захарова на прес-конференцијата, објави ТАСС.

Во интервјуто за Би-би-си, Турчинов рече дека постои можност за нов обид на украинските бродови да поминат низ Керч и тој не ја отфрли можноста за отстранување на мостот кај Крим.

Тој рече дека Украина е подготвена да ги покани претставниците на ОБСЕ, НАТО и другите меѓународни организации да бидат присутни на украинските бродови.

извор: Makfax