Присуството на американските сили во Сирија почнува да станува опасна пречка на патот кон мирот, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа ги обвини САД дека нелегално престојуваат во Сирија.

„Од факторите во борбата против тероризмот, илегалното присуство на САД во Сирија станува опасна пречка на патот кон мировен договор”, рече Захарова, објави „Ројтерс“.

извор: Makfax