x

Захариевски: Го почитуваме Борец, но Струга ТЛ оди на трите бода!

zaharievski-struga-1280x640

По двете тешки гостувања, и двете во Тетово, кај Ренова и Шкендија во првите две кола, екипата на Струга Трим Лум попладнево во 17 часот, на својот стадион во меч од 3. коло во ПМФЛ ќе го дочека Борец. Ова ќе биде прв натпревар на стратегот на стружани Срѓан Захариевски како ја предводи Струга Трим Лум на свој терен.

За СПОРТМЕДИА, во пресрет на денешниот дуел со велешани, тој изјави:

“По двете гостувања во Тетово, од каде успеавме да донесеме само бод, денеска го дочекуваме Борец. Императивот е тука, бодовите се потребни и затоа Струга Трим Лум ќе оди на победа, посакува бодовите да останат во Струга. Инаку го почитуваме Борец, станува збор за цврст тим, несомнено дека ќе биде тежок натпревар. Сепак како што реков ние одиме на победа. Немам некои поголеми проблеми со составот, освен на повредениот Миленковски ќе можам да сметам на сиот свој играчки потенцијал“ посочи Захариевски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата