Најголемата манипулација што доаѓа од Скопје е дека им го ускратуваме правото на самоопределување, изјави бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева за Нова ТВ, пренесува агенцијата Бгнес.

Таа, исто така, кажа дека, прашањето со Македонија нема никаква врска со изборите во Бугарија.

„Имаме многу јасен став. Сакам да потенцирам дека тоа нема никаква врска со изборите. Ако постигнеме договор пет дена пред изборите, Бугарија може да ја одобри преговарачката рамка за Северна Македонија за почеток на претпристапните преговори“, рече Захариева.

Таа истакна дека главното прашање во спорот со нашата држава е поврзано со спроведувањето на Договорот за соседство и пријателство, кој беше потпишан во август 2017 година.

„Имаме интерес Северна Македонија да започне преговори, но не можеме да замижиме пред заштитата на националните интереси. Има многу неисполнети точки од Договорот“, рече Захариева.

извор: Makfax