Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив” во Скопје, на денеска (22 јуни) во 19 часот ќе се одржи промоција на поетската книга „Зауздана поезија” од Светлана Неделкоска, издание на „Матица македонска”.

За поетската книга на младата авторка, која живее и работи во Мелбурн, Австралија ќе зборува поетот Георги Барбаровски, а стихови ќе читаат Теодора Зероска и Александар Костадиноски.

Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап на познатите гитаристи Дамјан Пејчиноски и Горан Гешоски.